• Sat. Nov 23rd, 2024

Асоцијација на земјоделци: Државата веднаш да ни ги даде слободните површини за пролетна пченица

ByВане Трајков

Mar 27, 2022

За произведувачите на пченица во Македонија мерките кои ги најави министерот Николовски ќе имаат ефект само доколку не се одоговлечат. Предупредуваат дека ќе биде голема грешка доколку почнат да се реализираат по период подолг од 30 дена.

“Нам земјоделците сега ни се потребни површините кои не се издадени, а се на располагање, сега ни е потребна помошта која државата планира да ни ја даде за да можеме да набавиме семе- пролетна пченица, пролетен јачмен, пченка, овес, сончоглед и сите други зрнести производи, вели во интервју за “Локално” претседателот на Асоцијација на земјоделци на Маедонија, Петар Стојковски. Како подеднакво сериозно стравување тој го посочува недостигот на вештачко ѓувриво, но и неговата покачена цена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *