• Sat. Nov 23rd, 2024

Археолошкиот локалитет Стакина чешма – Валандово доби проект за реализација на конзерваторско – реставраторски работи

ByЃ. K.

Oct 31, 2023

Во рамки на годишниот план за 2023 година на НУ Завод и Музеј – Струмица, од страна на Министерство за култура одобрен е проектот ,,Реализација на Основен проект за конзерваторско – реставраторски работи на објект од археолошки локалитет Стакина чешма, Валандово,, – прва фаза.

За таа цел тим формиран од НУ Завод и Музеј – Струмица , заедно со надворешни соработници беше на терен каде се извршија конзерваторско-реставраторски работи на објектот.

Тоа е објект римска вила – домус, со повеќе простории сочувани во висина од околу максимум 1.00 м. Градбата е од кршен камен со врзно средство варов малтер. Со археолошко истражување откриен е објектот пред неколку години и констатирано е дека откриените делови од објектот формираат простории со остатоци од поден мозаик и фонтана со полукружен облик. Целосно објектот не е доистражен. Работите на непосредна заштита оваа 2023 година се вршеа во три простории, означени како простории 1, 2 и 4 во Основниот проект за конзерваторско – реставраторски работи на објект од археолошки локалитет Стакина чешма, Валандово.

By Ѓ. K.