АП Брера го направи најголемиот трансфер во својата историја со продажба на талентираниот Димитар Трајков во Полисја од Украина.
Генералниот директор на АП Брера Струмица Јован Симиќ ги пренесе првите импресии од склучениот преддоговор за трансферот на Трајков.
„Му честитам на Димитар Трајков за трансферот, честитки и до ,,Полисја“ што го препозна потенцијалот и доби квалитетен играч за во иднина. Паралалено и честитки и за рекордниот трансфер на клубот и сите луѓе од Академија Пандев Брера кои со својата работа помагаат на нашите млади играчи да бидат подобри и направат нови чекори во своите кариери. На лице место се уверив дека „Полисја“ е сериозен клуб со сериозен систем на работа и импозантен спортски центар чија изградба привршува и ќе биде готов наскоро. Наша цел е и понатаму да бидеме расадник на млади играчи, да ги изградиме како спортисти на најдобар можен начин и да им помогнеме во кариерата. Со системска работа ќе дојдеме до уште подобри резултати во идина и однапред се радувам на летниот преоден рок и новата сеозна“, потенцираше Јован Симиќ.