На саемот ,,Меден Радовиш“ кој викендов се одржа во Радовиш во рамките на одбележувањето на патрониот празник, присуствуваше и Анита Ципушева единствената која има набавено и кошница за Апитерапија. Станува збор за терапија која лекува повеќе заболувања а се користат пчелите.
Во моментов во земјава има две Апи комори но како што вели Ципушева во светски рамки овој вид на лекување кој потекнува од Русија се повеќе се бара. Таа има набавено апарат од Словенија како инхалатор за вдишување на воздухот од кошницата со пчели кои од крилцата исфрлаат аеросоли. Помага при астма, бронхит, кардиоваскуларни заболувања.
Повеќе за начинот на користење на Апитерапијата во Вестите на Канал ВИС