Да бидеме хумани и да донираме за Катерина Рујковска од гевгелиско Миравци на која треба да ѝ се пресади рожница за да може светот да го гледа како останатите нејзини врсници.
Семејството Рујковски апелира до сите хумани луѓе и институции да им помогнат преку донации.
-Мојата малолетна ќерка Катерина Рујковска на 25.10.2018 година има закажано посебен хирушки зафат пресадување на рожница (шареница) во Специјлната Болница Свети Вид во БЕОГРАД, а за таа операција потребни се 5 илјади евра кои ние родителите не сме во можност да ги обезбедиме. Затоа Ве молиме да ни помогнете. Ви благодариме,, вели семејството Рујковски.