Село Ангелци, Општина Василево ја добива својата прва градинка. Таа истовремено ќе биде достапна и за децата од околните села, Градашорци, Седларци, Едрениково и Вељуса Со нејзината изградба 53 дечиња добиваат можност низ игра и дружба да се стекнат со квалитетно предучилишно воспитание и образование.
Од МТСП велат дека со Владата, во соработка со општините посветено работат без разлика дали станува збор за градски или рурални средини. За една година отворени се 15 нови градинки, а до крајот на годинава треба да се отворат уште десет.