На 05.08.2023 во периодот од 01.30 до 02.30 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица извршиле контрола во повеќе угостителски објекти на подрачје на Струмица. Притоа, во 01.30 часот во еден угостителски објект било затекнато малолетно лице кое било послужено со алкохол. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.