Активно се работи на изградбата на речното корито на река Сушица во Радовиш. Со овој проект е планирано регулација на околу 630 метри од речното корито на реката.
Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов смета дека овие зафати ќе значат многу не само за општината, туку и за целиот струмички регион во кој се сливаат надојдените води. Конзулов изврши увид во работните активности.
Проектот започна да се реализира пред една година и се очекува да заврши за неколку месеци.
Станува збор за проект за прекугранична соработка со Република Бугарија, и еден од главните зафати е уредување на дел од коритото на река Сушица која само во последните десетина години се има излеано три пати.
Еден дел од активностите е насочен кон подигањето на свеста за климатските промени и последиците од нив.
Проектот е финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија и е вреден околу 588 илјади евра. Со свој дел од околу 192 000 евра учествува и општина Радовиш.
Во овој период како што истакна градоначалникот Конзулов во завршна фаза се уште неколку проекти во населените места, изградбата на повеќенаменско игралиште во подареш и изградба на неколку улици во Јаргулица, за некои се очекува отпочнување со реализација.