• Mon. Nov 25th, 2024

Активностите за изградбата на рудникот за бакар и злато во Иловица продолжуваат

Во насока на исполнување на највисоките меѓународни стандарди кои во целост кореспондираат со домашната регулатива, Еуромаксресурсис реализира активности за спроведување на Студија за проценка на влијанието врз животната средина (СПВЖС) со компонента за проценка на влијанието на социјалните аспекти од реализација на проектот за бакар и злато во Иловица.
На изработката на оваа детална студија, која треба да биде готова на почетокот на 2016 година работат тимови на реномираната консултантска куќа со огромно меѓународно искуство во управувањето со животната средина ГолдерАсошиејтс (GolderAssociates), додека консултантската компанија ШламбержеВотерСервисес (ShlumbergerWaterServices – SWS) работи на управување со водените ресурси. Покрај овие две компании, во изработката на студијата вклучени се и стручни лица од компанијата, како и признаени домашни експерти во нивните области, а консултирани се и релевантните институции. euro
„Реализираните активности ја утврдија состојбата во неколку области и тоа: демографија на населението, локална самоуправа, економски активности и земјоделско земјиштето, вработување и приходи, образование, здравје и благосостојба и инфраструктура. Утврдувањето на фактичката состојба на терен се спроведе преку истражување кое ги вклучуваше домаќинствата на репрезентативен примерок од 23% од домаќинствата на Штука и Иловица, интервјуа со фокус групи и клучни истражувачи, истражување на сообраќајот, кое опфати следење на фрекфентноста на неколку локации, а беа користени и извештаи и други достапни документи. Утврдување на состојбите на терен во повеќе области е од клучно значење за развој на проектот, бидејќи само на тој начин ќе можеме да влеземе во реализација на следната фаза, што ќе биде адаптирано на специфичните локални услови“, изјави Патрик Форвард, Главен Технички Директор на ЕуромаксРесоурцес.
Откако ќе биде готова, Студијата за проценка на влијанието на животната средина и социјалните аспекти ќе биде доставена до Министерството за животна средина и просторно планирање на одобрување, согласно важечките закони и подзаконски акти. По одобрувањето на СПВЖС, ќе следи дозвола за изградба на рудникот.
Според планот, изградбата на рудникот за бакар и злато во Иловица треба да почне кон крајот на 2016 година и е предвидено да трае 18 месеци. Производството на бакар и злато е планирано за крајот на 2017 или почетокот на 2018 година. Рудникот ќе има постројка за добивање на концентрат на бакар и злато,хидројаловиште, соодветна инфраструктура и други руднички објекти. Проектираното просечното годишно производство е 95 илјади унци злато и 16 илјади тони бакар.
Досега спроведените активности активно вклучија локални научно – истражувачки институции, како Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, кој работеше на истражување и утврдување на социо-економските состојби, сообраќајот, квалитетот на воздухот и бучавата. Потоа, „Биомастер“ во делот на екологијата, археологот Вангел Иванов во областа на археологијата и културното наследство, како и Музејот во Струмица, водостопанството „Струмичко Поле“ од Струмица, Управата за хидрометеоролошки работи, пречистителната станица „Иловица“ и шумското стопанство „Беласица“ од Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *