-Овие игри мора да престанат. Нашиот отпор никогаш нема д апрестане се додека не се, затвори рудникот,л односно се додека не се прекине договорот и не им се одземе концесијата на Еуромакс. Така д анашиот револт, револтот на народот, почна да се покажува и по социјалните мрежи, но каде и да е, најверојатно на почетокот на јуни ќе излеземе на улица и ќе го кажеме нашиот став кон сите релевантни институции кои треба да изреагираат, рече Стојан Велков Трн, активист.
-Не им е лесно, ние не ги жалиме, едноставно не ставија во позиција ние да бидеме овци, а тие волци со оружје, со многу пари и гладни за уште повеќе пари без разлика на штетата што ќе ја нанесат, рече Митко Бојаџиски.
Активистите подготвуваат и кривични пријави за концесионерот, зашто, како што рекоа, имаат докази дека повеќе точки од договорот не биле испочитувани.
Се собраа денеска, на, како што рекоа средба со Еуромакс, кој според нив, била откажана во последен момент.
Од Еуромакс ресорсис излегоа со писмен став, дека одржуваат редовни работни средби со различни заинтересирани страни кои според нив се одвиваат тековно.
- Како и со сите други заинтересирани страни, така и со невладините организации отворени сме за средба, но на наше жалење досега тие не прифатија средба со нас, ниту побараа увид во документацијата, за да можат да ги изградат своите ставови на факти, а не на претпоставки. Како компанија остануваме и понатаму отворени за дијалог со сите заинтересирани страни, стои во писмениот став. Компанијата ги има доставено сите неоходни документи што произлегуваат од концесијата, кои можеа да се достават имајќи предвид дека одредени процеси доцнеа поради политичката криза во Македонија и ограничената моќ на одлучување на техничката Влада која беше поставена поради државната Комисија за борба против корупцијата, се вели меѓудругото во писмениот став.