Актерите на Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица, Кољо Черкезов и Јасмина Василева, кои настапуваат во претставата „Џон Габриел Боркман“, ја добија наградата НЕТА за сценски дует на Фестивал во Враца, Република Бугарија, соопшти синоќа фестивалското жири.
Фестивалот во овој бугарски град е во рамки на Новата европска театарска акција-НЕТА, а дел од оваа асоцијација е Фестивалот на камерен театар „Ристо Шипков“, кој секоја година се одржува во Струмица.
Претставата Џон Габриел Боркман од Хенрик Ибзен е во адаптација и режија на Горан Тренчовски, а покрај наградените актери настапуваат Јулија Милкова, Ванчо Василев, Анкица Бенинова, Игор Тодоров, Надица Трајкова и Стојан Стојанов.
фотографија:strumicanet.com