Решени се дилемите. Новиот фудбалски прволигаш ,,Академија Пандев,, натпреварите пред своја публика ќе ги игра на стадионот ,,Младост,, во Струмица, дознава ВИС СПОРТ. Според нашите информации постигнат е договор меѓу раководството на Академијата и концесионерот на стадионот за соодветен паричен надоместок, дуелите од Прва лига да ги играат на ,,Младост,, се до изградбата на спортскиот комплекс ,,Пандев,, кај салата Парк .
За ваков договор според информациите на ВИС СПОРТ инсистирала и општина Струмица која посредувала да се најде соодветно решение, во интерес на сите лубители на фудбалот, да има прволигашки фудбал на ,,Младост,, каде деновиве се поставуваат дополнителни трибини .
Од Академијата потврдија дека прволигашките натпревари ќе ги играат во Струмица иако беше во игра и стадионот Кукуш во Турново. ,,Пандевци,, на Младост ќе заиграт веќе во недела каде во рамките на 2 коло го пречекуваат тимот на Скопје. Премиерата пред своја публика како прволигаши ќе ја имаат во 17 часот