• Fri. Nov 22nd, 2024

Академија Пандев мета на турските медиуми, формата на фудбалерите во нагорна линија

Лидерот во Втората фудбалска лига на Македонија, струмичката ,,Академија Пандев,, веќе неколку дена е на подготовки во Турција каде ја темпира формата за пролетниот дел од првенството и влез во Првата лига.  Екипата веќе одработи два контролни натпревари во кои беа поразени, но според прикажаната игра, Академија Пандев може да се носи со големи клубови. Се сретнаа со украинската Шахтјор Доњецк во кој претрпеа пораз од 3:1 а пораз претрпеа и од екипата на Вождовац од 4:2.

,, Резултатите нам ни се во втор план бидејки овде сме преку пријателски натпревари да ја подигнеме формата на нашите фудбалери. Се разбира овие дуели се добра основа да се соочат одредени слабости во нашата игра за да можеме да корегираме пред старотот на првенството. Генерално сме задоволни како течат подготвките но и од прикажаната игра. Имаме одлични услови за тренинг и подготовки ,, ни изјави Југослав Тренчовски

Утре Академија Пандев ќе одигра со Карпати од Украина. На 10 февруари пријателски натпревар во Турција ќе одиграт со бугарски Нефтохемик, на 12 со Шахтер Караганди од Казахстан. Паралелно струмичката Академија Пандев е мета на речиси сите турски телевизии кои се интересираа за клубот на Горан Пандев кој дел од својата кариера играше и за турски Галатасарај. Националната телевизија снимаше и цела репортажа при што Академијата на Горан Пандев ја опишаа како најпрогресивниот фудбалски клуб во Македонија…

Во продолжение еве дел од играта на Академија Пандев со екипите на Вождовац и Шахтјор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *