• Fri. Nov 22nd, 2024

АЕК ќе потроши 24 илјади евра за репрезентативен материјал

Агенцијата за електронски комуникации објави тендер на Бирото за јавни набавки со кои за сума од приближно 1,5 милиони денари или 24 илјади евра, без вклучен ДДВ, ќе купува репрезентативен материјал, објави Makfax.

Роковници со пресувано лого, тефтери со спирала со црвена боја, книжни (бели и црвени)кеси со логото на АЕК, поло маички, чадори со логото на Агенцијата, елегантни папки со текстилна облога, помошни батерии за полнење, нотеси со елегантна корица со офсет-шамоа хартија со магнет и метална плочка за гравирање. Ова е само дел од наведеното во техничката спецификација за тендерот објавен на 7 март.

Агенцијата во тендерот бара и часовници за работна маса, керамички чаши за чај и кафе, слушалки, приврзоци, звучници Bluetooth, држачи за телефони, копчиња за кошула со логото на АЕК, елегантни ролер пенкала со циркони. Ранците треба да имаат антишок прегради во внатрешноста за преносен компјутер и таблет, отпорност за сечење и рефлектирачки траки, со приклучоци за мемориски уреди и слушалки. Треба да биде изработен од водоотпорен синтетилки материјал или микрофибер.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *