ТВ Канал ВИС од Струмица е најгледана телевизија во југоисточниот регион. Ова се најновите резултати што ги соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги која направи истражување на гледаноста на регионалните телевизии во првиот квартал од 2016 година. Според ова Агенција, ТВ Канал ВИС има најголем неделен досег во својот регион и тоа 14,1% од популацијата во регион Д4 ,,Боскија,, во кој влегуваат жителите од општините Радовиш, Конче, Василево, Струмица, Босилово, Ново село, Валандово, Богданци, Дојран и Гевгелија. Впрочем ова е влезено и во заклучоците објавени од АВМУ. Освен по неделниот досег, ТВ Канал ВИС има и најголем удел во гледаноста во регионот (3,71%) но и во уделот на вкупната гледаност во конкуренција со сите останатите телевизии во овој регион, што е двојно повеќе од останатите регионални телевизии што зрачат во Југоистокот
Според анализите дадени од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, врз основа на испитувањата во Југоистокот, ТВ Канал ВИС има конутиниетет во гледаноста во текот на целиот ден а најмногу се гледа за време на Вестите во 17 часот и 30 минути но и во 22 часот. Доста гледани се и останатите термини кога ТВ Канал ВИС продуцира своја програма како што се емисиите од забавно рекреативен карактер, документарните, емисиите од здравството, спортот и политиката. Канал ВИС и во минатата година беше најгледана телевизија на регионално ниво за што сведочат податоците од АВМУ.