Автобусот скинал околу 50 метри од заштитната ограда
Автобусот скинал околу 50 метри од заштитната ограда, изјави градоначалникот на Перник Станислав Владимиров пред новинарите во близина на местото на несреќата, во која загинаа 46 лица.
Според градоначалникот на Перник, на овој дел од патот често се случуваат несреќи. Оваа рута е една од најтешките во Бугарија, има огромна денивелација, и голема концентрација на сообраќај.