Правила за користење на содржините на вебсајтот

Dimitar Micev

Сите права на соджината вклучувајќи ги авторските права се задржани од ТВ канал ВИС. Со самото пристапување на web страната kanalvis.com се согласувате дека содржината ќе ја користите само за лични и некомерцијални потреби. Не е дозволено копирање, дистрибуција, продавање, јавно прикажување и адаптирање било која содржина доколку не е регулирана со претходен договор со ТВ канал ВИС.

Секое неовластено објавување на содржина, фотографија, илустрација, видео или текст од web сајтот во било кој друг медиум, ќе ве чини 15.000 денари (петнаесет илјади денари) без пресметан ДДВ за секое едно објавување на содржина, фотографија, илузтрација, видео или текст. Тој што неовластено ќе објави од наведеното се согласува на наведеното и ТВ канал ВИС ќе му испрати фактура според објавената цена во овој правилник и се согласува истата да ја плати во рок од 15 дена по приемот на фактурата. Доколку не биде платена во предвидениот рок ќе биде пресметано законска камата.

Оној кој добил дозвола за преземање на содржина, текст, видео, фотографија или илустрација треба јасно да наведе дека се објавени со дозвола од ТВ канал ВИС.

Без дозвола може да се превземе само:

-Наслов

-прв пасус

-задолжително да се постави линк до точната содржина од www.kanalvis.com

-фотографијата може да се користи исклучиво во мал формат, максимум 200 пиксели

-сето она што ќе биде превземено со дозвола или без дозвола според горенаведените правила мора да се стави наслов како во примерот:

ТВ канал ВИС“: ВО ТЕНЗИЧЕН ДУЕЛ, МАКЕДОНИЈА МАКС ПОРАЗЕНА ОД ЈАНТА

-сајтовите-агрегатори можат да ги превземаат информациите од www.kanalvis.com одбележани како во горенаведениот пример.

ТВ канал ВИС се обврзува да ги почитува и практикува правилата на сите други медиуми кои ќе ги одредат за користење за нивните содржини.