Регион

Педијатриското одделение во струмичката болница оставено со само двајца специјалисти

Педијатриското одделение во струмичката болница со само двајца специјалисти.Педијатрите не само што прегледуваат на дневна амбуланта и се и по 24 покрај хоспитализираните дечиња, мораат да слегнуваат два спрата подолу оти на акушерско нема неонатолози.

Др. Џорлев кој е еден од педијатрите на одделението со голема воздишка не крие дека соочуваат со недостиг на лекари специјалисти, но сепак се надева дека сликата наскоро ќе се промени.

Џорлев се присети дека на одделението имало 10 лекари специјалисти а сега за жал се останати само двајцата.Вели ако сликата не се подобри во наредните неколку години одделениетро ќе стави клуч на врата.

На педијатриското одделение во струмичката болница се лекуваат деца од целиот југоисток односно циркулира бројка од над 100 илјади пациенти.Дополнителниот ангажман на двајцата лекари е што низ нивните раце годишно поминуваат и над 1400 новороденчиња во струмичкото родилиште.

Препорачуваме:

Случајот со малата Ембла треба да е пример што не смее да се повтори

Општина Радовиш започна со обнова на спортската инфраструктура

Ѓ. K.

Струмичанец со комбе сакал да криумчари 13 мигранти, бил фатен кај Куманово