Регион

Со одбележување на тримерските обичаи, завршуваат карневалските празнувања во Струмица

Трет ден по „Прочка“, трет ден од почетокот на големите велигденски пости. Денесека е Тримери, празник посветен на мајките, ќерките, новите поколенија. Со тримерска посна трпеза, музика и песни, Организациониот одбор на струмичкиот карневал, заедно со „Распеани струмичани“ денеска ги одбележа тримерските обичаи. Сарма со ореви, посен грав, леблебија, алва, боза, локум-беа дел од посната тримерска трпеза која беше поставена во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.

-„Зборот „Тримери“ потекнува од грчки збор кој значи тридневен пост.Првиот ден е чист понеделник, на вториот ден се доделуваат наградите на најдобрите маски од струмичкиот карневал, а третиот ден , денеска, е посветен на тримерските обичаи. Денешениот ден е значаен по тоа што, бидејќи снаата успеала да ги пости сите три дена, без јадење и пиење, свекрвата од голема благодарност ги поканила своите најблиски на посен ручек“-раскажува Костадинка Витанова.

Традицијата вели дека во куќата на невестата се пееле еротски песни, кои претставуваат еден вид на запознавање на
младите со идниот брачен живот.

-„Порано се пееле еротски песни, со кои на армасаната девојка ја запознавале за идниот брачен живот.Овие песни се пееле во некој затворен круг, каде што немало мали деца, и со зурли и тапани се одбележувал празникот Тримери.На овој ден гостите носеле и подароци со кои ја дарувале младата невеста„-додава Костадинова.

Со одбележување на тримерските обичаи, официјално се затворени карневалските празнувања во Струмица.

Препорачуваме:

Гевгелија со директен економски импакт од преспанскиот договор.

Стојне Митева

Од Нова Година две нови вакцини во календарот за имунизација.Вакцините против пнеумокок и ротавирус од почетокот на наредната година ќе бидат задолжителни за сите бебиња во државата

Решен проблемот со водоснабдувањето во Дојран

Сузана Мицева