Регион

Натка и Орце Спасови – принцеза и принц на струмичкиот карневал

Уште една забава под маски за паметење се одржа синоќа во хотелот „Сириус“. Прекрасни креации, дружење и забава до раните утрински часови, така беше на традиционалниот маскенбал, кој уште еднаш потврди дека е одлична увертира на главната карневалска вечер. Жири комисијата имаше тешка задача, но сепак, одлучи и го избра брачниот пар Натка и Орце Спасови од карневалската група „Живи мртовци“ за принц и принцеза на Струмичкиот карневал кои ќе ја предводат главната карневалска интернационална поворка вечерва во 18,30 часот. Меѓу учесниците на маскенбалот беше и градоначалникот Коста Јаневски.

-Ова е прва година кога се појавувам во улога на градоначалник и покровител на струмичкиот карневал и морам да признаам дека чувствувам голема доза на возбуда. Ова е своевидна увертира во претстојниот карневал, очекувам дека ќе има добра забава и гостите ќе си поминат убаво и со нетрпение очекувам да ја ставам капата која што ја добив пред два дена од FEEC и карневалџиите и да влезам во волшебството на карневалската вечер, рече Јаневски.

Препорачуваме:

Отворено со Општината, Верица Узунова-директор на ЈП Паркиралишта

Dimitar Micev

„Македонски шуми“ планира да потроши околу 9 милиони евра за сечење и превоз на дрво од приватници

Стојне Митева

Советот на Дојран бара да се забрани престој на лица што не се жители на ова општина

Ване Трајков