Регион

Кривична за поранешен полициски командир во Валандово- набавил дрва и ги оставил во приватен склад а станицата почнала да се грее на нафта

Поранешен командир на полициската станица во Валандово е осомничен дека ја злоупотребил службената положба и овластување. Според полциијата тој во 2014 тата набавил огревни дрва кои ги складирал кај приватно лице при што воопшто не биле искористени за потребите на полициската станица во Валандово. Станува збор за 51 кубик на дрвја набавени во 2014 но поради фактот што немал каде да ги складира наредил дрвата да се истоварат во склад во приватна сопственост на лице од Валандово а веќе во февруари 2015  во станицата бил инсталиран систем за парно греење на нафта

Според МВР поранешниот командир на полициската станица од Вландово  го оштетил Буџетот на министерството во износ од 134 илјади денари за што му е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување

Препорачуваме:

„Куклена сказна“ за месецот на книгата во Дабиље

Сузана Мицева

По што ќе ја паметат граѓаните 2021 година

По Ковид шокот – стабилизација кај конзервната индустрија