Регион

Кривична за струмичанец кој сексуално се самозадоволувал на трим патеката

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Р.Џ (28) од Струмица, поради постоење на  основано сомневање дека пријавениот сторил кривично дело „задоволување на полови страсти пред друг“, казниво по член 190 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија, стои во писмената информација од СВР Струмица.

На 03.02.2018 година околу 10.00 часот, додека пријавителката  заедно со нејзина другарка од Струмица оделе пеш по трим патеката од Ловен Дом кон манастирот „Св.Илија“, го забележале Р.Џ. полулегнат на една клупа во близина на Иванова Чешма. Кога ги здогледал, Р.Џ. го соблекол долниот дел од тренерките и почнал да се самозадоволува и да оди кон нив. Тие се исплашиле и побегнале. После тоа, го пријавиле настанот во СВР Струмица.

Веднаш по пријавување на настанот од страна на СВР Струмица преземени се мерки за пронаоѓање на пријавениот. Тој бил пронајден и лишен од слобода.

По целосно расчистување и документирање на настанот од страна на СВР-Струмица  изготвена е кривична пријава и доставена  во ОЈО-Струмица

Препорачуваме:

Get EXITed забавата на 7 септември во Градскиот парк во Струмица- влез бесплатен

Задолжителната вакцинација не е дискриминација по ниту еден основ

Стојне Митева

Канал ВИС дознава – повеке од педесет лица со интерес за добивање социјален стан