Регион

Валандовскиот градоначалник повреден во сообраќајна несреќа

Градоначалникот Перо Костадинов попладнево околу 18 часот е повреден во сообраќајна несреќа, којашто се случила на патот Удово-Демир Капија, по излезот од тунелот. Според неофицијални информации, Костадинов е полесно повреден, додека пратеничката Мери Лазарова којашто исто така била во автомобилот е потешко повредена и е префрлена во Ургентниот центар во Скопје.

Засега не се знаат детали, како дошло до сообраќајната несреќа и кој го управувал автомобилот во кој биле високите функционери на СДСМ. Повеќе информации за несреќата во текот на наредните часови.

Препорачуваме:

Јавно извинување од поранешниот директор на НУ „Завод и Музеј Струмица“

Ване Трајков

Никола Андонов од Сушица – Ќе се борам за подобра Сушица и подобра о. Ново Село

Сузана Мицева

Цената на пченицата достигна рекорд

Стојне Митева