Младинците од општинската организација на Црвен крст Струмица, се запознаа со проектот „Промоција на хумани вредности“, кој има за цел да ја поттикне самоиницијативноста кај младите за создавање добри дела во општеството. Тие денес беа дел од втората обука која овозможува голем број од учесниците да се вклучат во правење на проекти преку кои ќе лоцираат проблем од социјален карактер и истиот ќе го решат. Симон Андов, националнен инструктур на ПХВ програмата, рече дека преку таквите проекти досега биле решени повеќе проблеми на семејства во социјален ризик.

Во просториите на Црвен крст, Струмица утре ќе се одржи третата обука , на која учесниците ќе се запознаат со тоа како треба да изгледа еден проект за решавање на социјални проблеми.

ПХВ програмата се реализира во 34 општински организации на Црвен крст, опфатени се околу 1000 младинци годишно, кои создаваат проекти со кои се решаваат проблемите на околу 4000 лица од ранливи категории на ниво на државата.