Регион

Дебата за пристап до информации и заштита на лични податоци

Бројот на жалби поднесени од страна на физички лица до Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, е во постојан пораст. Најголем број од жалбите завршиле со позитивен исход за барателот на информацијата. Ова значи дека барателот ја добил информацијата после отпочнување на постапката, или пак Комисијата одлучила во корист на баретелот.Вака стои во Извештајот од следење на работата на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и Дирекцијата за заштита на лични податоци , кој денес беше промовиран пред струмичани. Вака изјави Магдалена Лембовска од Аналитика Тинк Тенк, на дебатата за пристап до информации и заштита на личните податоци.

На тркалезната маса организирана од страна на Аналитика Тинк Тенк се разговараше и за транспарентноста на институциите на локално ниво и улогата на граѓанскиот сектор на локално ниво за поголема отвореност и ефикасност на институциите.

Проектот за пристап до информации и заштита на личните податоци се имплементира повеќе од една година.

Препорачуваме:

Синдикалните организации на ССМ во Струмица се приклучија на штрајкот

Ване Трајков

ВИДЕО: Отворен новиот дел за лекување на ковид – пациенти во Гевгелија

Вакцинацијата во Валандово се одвива без проблеми, а и бројот на новопозитивни се сведува на минимум