Регион

Во послените 7 дена од околу 18 до 21 часот Струмица се вбројува во еден од најзагадените градови во земјава

Мерната станица во Струмица , со резултати дека во послените 7 дена од околу 18 до 21 часот Струмица се вбројува во еден од најзагадените градови во земјава.Параметрите од станицата покажуваат варијации во текот на едно деноноќие.

Именно во утринските часови ПМ честичките паѓаат и под 50 микрограми, додека пак кога е најкритично достигнуваат и над 180 кои се вбројуваат во највисоко ниво на згаденост.

Општинските инспектори по животна средина за само неколку дена регистрираа низа неправилности кај стопански објекти кои нерационално користат средства за затоплување, но и производство во нивните капацитети.
Фактите укажуваат дека загадувањето во Струмица е резултат на децениска негрижа за животната средина. Нешто што се создава години наназад не може да се реши преку ноќ .
За ова сведочат дивата сеча не само над градот , туку на цел зелен појас над котлината каде е сместена Струмица.Инспекторите и деновиве се на терен ги контролираат не само стопанските објекти туку и домакинствата.

Препорачуваме:

На струмичкиот плоштад , петиција за признавање на македонската возачка во Германија

Цената на пролетната зелка е ниска велат земјоделците

Сузана Мицева

18 новорегистрирани на КОВИД – 19 во Струмица и уште една 44 годишна жртва

Сузана Мицева