Ден Дончев на денешната владина седница е реизбран на позицијата в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување.

Дончев на оваа функција дојде во август минатата година на местото на разрешениот директор Сашо Стефаноски. Дончев на изборите на 11 декември во 2016 година беше носител на листата во Првата изборна единица од коалицијата „ВМРО за Македонија“. Тој е поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на „Телеком“.

извор: makfax.com.mk