Регион

Уште оваа година граѓаните ќе пријавуваат на шалтер персоналец,од година пријавата ќе биде електронски

Граѓаните кои на нивната сметка, во една тековна година ќе легнуваат пари од странство, капитални добивки од продажба на хартии од вредност,како и приходи од издавање на станови се обврзуваат во текот на наредната недела да отворат е-маил адреса и да се регистрираат во системот на УЈП за плаќање на персонален данок.

Обврската за оваа новина на Управата ќе ја имаат и земјоделците кои продаваат надвор од зелените пазари , но и оние кои заработуаат од интернет.Дилемата се отвора по фактот што не сите граѓани имаат пристап до електронското плаќање , а за нив управата имала регулатива.Велат, ќе си назначат помошник.

Откако граѓаните ќе ја извршат регистарацијата ќе може да си го плаќаат персоналецот исклучиво само електронски, а не на шалтерите, како до сега. Електронска регистрација во УЈП до крајот на годината, ќе треба да направат и сите останати лица кои имаат дополнителни приходи , како награди, бонуси, надоместоци од работен однос, авторски договори, дивиденти, добивки од игри на среќа.

Тие уште оваа година, за последен пат имаат обврска да отидат на шалтерите на УЈП за да поднесат годишна даночна пријава. Од следната, и оваа постапка ќе биде електронска.

Препорачуваме:

Возач на мопед повреден во сообраќајка со моторно возило

Ване Трајков

Од денес се воведува зонско паркирање во Дојран.Општинските власти сметаат дека ќе се создаде ред во пракирањето на целата територија на Стар Дојран

Во среда крводарителска акција во организација на Црвен крст Струмица

Ѓ. K.