Регион

До 16 февруари трае пријавувањето за бесплатно бањско климатска рекреација

Педесетина струмички пензионери веќе ги пополниле барањата з акористење бесплатно бањско рекреација. Останатите кои сакаат да поминат седум дена на бањи треба да ги однесат докуметните до 16 февруари во Фондот за пензиско осигурување. На повикот, на министерството за труд и социјална политика  може да се јават корисници на старосна, инвалидска или семејна пензија, а правото за пензија го стекнале заклучно со ноември 2017 година.

Услугата може да се користи еднаш, во период од март до ноември 2018 година, во траење од 7 дена и опфаќа:

  • 6 полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно),
  • бањска терапија,
  • еден задолжителен здравствен преглед и
  • трошоци за превоз во висина на повратна автобуска карта од местото на живеење на корисникот до установата во којашто ќе се користи услугата на бањско климатска рекреација (трошоците за превоз ќе бидат дозначени на трансакциската сметка на корисникот на пензија по користење на услугата).

Лицата корисници на пензија коишто користат и паричен надоместок за помош и нега од друго лице, додаток за мобилност или слепило имаат право на придружник за време на бањско климатската рекреација.

Од минситерствто напоменуваат дека услугата ќе ја даваат оние бањи со кои ќе склучат договори.

Бањската рекреација може да ја користат корисници на пензија на кои износот на пензијата за ноември изнесува до 17.000 денари.

За користење на бањско климатската рекреација пензионерот треба да поднесе барање до филијалата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, според местото на живеење на корисникот на пензија. Барањето го издава подрачната единица на Фондот.

Доколку корисникот на пензија користи и дел од пензија којашто се исплатува од друга држава, задолжително треба да се достави и потврда/чек од банката за месечниот износ на пензијата.

Корисниците на пензија кои во  2010, 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 користеле услуга за бањско климатска рекреација или бесплатен туристички викенд, не  може да ја користат услугата на Бањско климатска рекреација во 2018 година. Фондот, задолжително писмено ќе  го извести подносителот на барањето за установата во којашто ќе биде упатен и  периодот на користењето на услугата.

Препорачуваме:

Под мотото „Да! Можеме да ставиме крај на ТБ“ се одбележа Недела на борба против туберкулозата

Ѓ. K.

Општина Струмица распишува конкурс за Годишната награда „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”

Ѓ. K.

Што испушта рудникот Боров дол?

Сузана Мицева