Регион

Ограбен пунктот за донирање облека на градскиот плоштад во Струмица

Синоќа околу 19 часот на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ три лица краделе од пунктовите за донирање облека на организацијата АДРА. Настанот до редакцијата на ТВ Канал ВИС го пријави очевидец кој објасни дека едно од лицата било внатре во контењерот, а другите две му помагале во вршење на кражбата. При реакција на граѓаните, лицата вербално ги нападнале.

Од меѓународната организација АДРА која ги постави контењерите велат дека се згрозени од чинот, пред се поради досегашната голема дарежливост на струмичани.

Зорана Костовска, во телефонски разговор за ТВ Канал ВИС, објаснува, дека поради нехигиенски  услови, ги отстраниле контењерите од Штип, затоа што несовесни граѓани фрлале секакви губришта внатре во облеката.

Собраната облека со комбиња го донираме во најоддалечените села, кај луѓе на кои секоја помош им е неопходна, додаде Костовска истакнувајќи дека контењерите во Струмица ќе останат.

Во СВР Струмица нема пријавено кражба на пунктот, не информираа оттаму. Апелираат до граѓаните штом забележат кражба, веднаш да пријават во полицијата на бесплатниот број 192, за да може навремено да излезат на терен и да ги  обезбедат доказите и трагите за криминалниот чин.

Додаваат дека согласно належностите, полициски тимови патролираат на различни места во градот, каде по претходна анализа ќе се покаже дека е неопходно поголемо присуство на терен.

 

 

Препорачуваме:

Почината 25-годишна девојка пронајдена во апартман во Стар Дојран

Сузана Мицева

СВР Струмица го одбележа Денот на полицијата

ВИДЕО: Дигитална платформа за промоција на стартап бизниси