Македонија

Стојановски: Наместо комисии, научните институции да ги решаваат прашањата меѓу Македонија и Бугарија

Договорот за добрососедски односи меѓу Македонија и Бугарија можел да предвиди подобри решенија за „пеглање“ на разликите и спорните прашања меѓу двете држави сметаат експертите. Професорот од УГД, Страшко Стојановски, вели дека научните институции можеле да ја превземат работата на комисиите, бидејќи тие имале можности во рамките на својата работа побрзо и полесно да изнајдат заеднички прифатливи решенија.

Стојановски смета дека корекциите во учебниците не се неосновано барање, но наместо за наставните содржини да одлучува комисија тоа можело да се остави на министерствата за образование на двете држави кои што ги изработуваат наставните програми, а забелешките да ги даде академската заедница.

Стојановски вели дека договорот може и треба да ги унапреди односите меѓу двете земји, но во неговото имплементирање државата треба да биде внимателна и да ги бара најдобрите решенија, кои што нема да ја стават во неповолна положба. Една од забелешките на Стојановски околу овој договор беше што за разлика од Бугарија, во Македонија не се обединија власта и опозицијата и не дадоа заедничка поддршка, иако како што е познато, најголемиот дел од договорот е подготвен во времето кога на власт беше сегашната опозициона партија, Вмро Дпмне.

Препорачуваме:

Пендаровски пред Генералното собрание на ОН

Македонија бара итен почеток преговорите со ЕУ за да не се влоши состојбата во регионот

Достапна е новата обновена верзија на апликацијата „Православен календар“ за 2024 година

Ѓ. K.