Регион

Пораст на сексуалните напади во струмичко- во 2017година 20 кривични дела „силување“

Од 3 кривични дела силување во 2015, на 20 во 2017 година. Статистиката во СВР Струмица покажува пораст на овие кривични дела во подрачјето што го покрива.

-Во текот на 2017 година, на подрачјето на СВР-Струмица, сторени се 20 кривични дела „Силување“, предвидени во чл. 186 од КЗ на РМ,  од кои: 12 кривични дела извршени од страна на непознат сторител, а 8 кривични дела извршени од страна на познат сторител, стои во писмената инфорација што ја добивме од СВР Струмица.

Струмичката полиција  во 2016 година регистрирала  6 кривични дела  од кои: едно кривично дело  извршено од  страна на непознат сторител  и   пет кривични дела извршени од страна на познат сторител. Во  2015 година  на подрачјето извршени се 3 кривични дела  од страна на  познат сторител.

Намалување има на кривичните дела „полов напад врз дете“. Во 2017 година сторени се 4 кривични дела од кои едно од непознат, а три од познат сторител. Во 2016 и 2015 имало по пет вакви кривични дела од кои само еден од непознат, а другите од познат сторител, информираат од полицијата.

Сите се од машки пол, на возраст од 20 – 40 години, со место на живеење на подрачјето на СВР Струмица.

Тв Канал Вис претходно објави дека психијатрите се децидни дека типичен профил на напаѓач не постои.  Станува збор за комплексна патологија на однесување кое зависи од различни фактори како на пример психосоцијални, семејни, трауми од најраниот детски развој или пак несоодветно адаптирање во врсничка група во време на пубертетот.

Има и псевдосоцијален тип на напаѓач. Заедничко им е, што овие лица со патологија на однесувањето, не чувствуваат вина за стореното дело.

Во октомври, декември лани и јануари годинава СВР Струмица поднесе три кривични пријави против три лица за кривично дело силување. Заедничко на сите им е што сторителите се од машки пол, на возраст од 20, 25 и 35 години и се нафрлале на жртвите фаќајки ги по интимите делови, по што, откако им бил пружан отпор, бегале од местото на злочинот.

 

Препорачуваме:

Протест на жителите од Вељуса струмичко – бараат заштита од крадци кои оперираат по нивните ниви

Ване Трајков

Стара куќа зафатена од пожарот кај Ѓавото-огнот пресечен на стотина метри од селото

Сузана Мицева

Mиравци и годинава е центар на малиот фудбал со турнирот „КМФ Млади“

Ѓ. K.