Регион

Домакинствата и општините да применуваат селекција на отпад и компостирање на органскиот, апелира Центарот за развој на југоистокот

Општините но  и домакинствата  да размислуваат за воведување селекција на отпадот и компостирање на органскиот. Ова се препораките од Студијата што ја изработи Центарот за развој на југоисточниот плански регион кој во изминатата година додели 400 компостери на домакинства. Според нив   во ниту една општина во југоистокот нема целосна селекција на отпадот и компостера каде ќе се добива органско губриво. Според ова Студија секоја индивидуа од југоистокот  генерира над 500 килограми отпад од кој дури 60 одсто е биоразградлив кој може да се користи како нов ресурс.

Центарот за развој на југоисточниот плански регион го реализираше проектот “Размислуваме за компостирање – Посветени на одржување на органскиот синџир” се имплементираше 15 месеци. Основна цел на истиот е да се подигне  јавната свест кај граѓаните за бенефитот од компостирање за да се заштити животната средина. Проектот се работеше заедно со Асоцијацијата најугозападни општини од Бугарија за што     беапотрошени околу 116 илјади евра од ЕУ од програмата за прекугранична соработка

Статистиката покажува дека илјадници килограми градинарски отпад се фрла по депониите во Југоистокот кој важи за најземјоделскиот регион во земјава. Огромни остатоци од раноградинарското производство завршуваат покрај патишта и реки. Цели корени од  крастравици и домати со плодови, зелка, пиперки се фрлаат иако од нив може да се направи органско ѓубриво или компост. Граѓанските здруженија од Струмица со години алармираат до земјоделците да  вршат компостирање на земјоделскиот отпад од нивите од кој би добиле квалитетно ѓубриво.

Препорачуваме:

СОФ 2022: Вечер на афоризми

Дојран бележи успешна сезона и среде пандемија

Сузана Мицева

Владата повторно ќе отпишува долгови на јавните претпријатија

Стојне Митева