Регион

Младински совет донираше дел од собраните пари на Божиќниот концерт

Младинскии совет ги донираше првите пари од собраните средства на новогодишно-божиќниот концерт. Парите ги уплатиле на донациската сметка на семејство Доневи од Чикаго. Во сообраќајната несреќа на ова семејство, загина 41-годишната струмичанка Виле Донева, нејзиниот сопруг е со тешки повреди и се бори за живот, а повредени беа и нивните три деца 13-годишниот син и 3-годишните близначки.

Дел од остатокот од вкупно 106 илјади денари кои биле собрани на концертот, ќе бидат уплатени на сметка за 4годишно девојче од Анѓелци,  а другите согласно пристигнатите барања од граѓаните, велат од Младинскиот совет.

Деновиве ќе почнат со распределба и на хуманитарните пакетчиња кои ги донираа струмичани.

Од Младински совет велат дека се подготвуваат за велигденскиот хуманитарен концерт, а секако согласно потребите ќе организираат и други настани за помош на струмичани.

Препорачуваме:

Герила акција кај Радовиш – Возете внимателно оти смртта демне!

132 илјади вработени во јавниот сектор 73% Македонци, а 20% Албанци

Стојне Митева

Маската „Маскен марш“ на СОУ „Никола Карев“ од Струмица е прогласена за најдобра во категоријата групна маска со 50 и повеќе лица на Струмичкиот карневал

Стојне Митева