Спорт

Илиевски верува во подршка од КК Струмица за претседател на КФМ, од клубот чекаат негова номинација и програма

Струмичкиот интернационалец Владо Илиевски отворено се номинираше за прв човек на кошаркарската федерација на Македонија но засега останува енигма дали КК ,,Струмица’’ застанува зад неговата кандидатура.  По социјалните мрежи веќе на големо кружат информации дека Илиевски нема подршка од своите струмичани за да биде претседател на МКФ на местото на Пеце Наумовски за чија смена отворено се зборува со недели. Илиевски верува дека ја има подршката од мнозинството клубови

,, Убеден сум дека можам да помогнам кошарката да оди во нагорна линија. Она што сакам јасно да кажам дека мојата кандидатура е самостојна и верувам дека ја имам подршката од мнозинството клубови,, кусо  изјави Владо Илиевски кој уште еднаш потенцираше дека ако ја добие довербата  претседателската плата ќе ја донира за развој на млади кошаркарски таленти

Претседателот на КК,, Струмица’’ Лефтер Андонов за Канал ВИС вели дека струмичкиот кошаркарски клуб веќе застанал зад иницијативата за смена на актуелното раководство на КФМ предводено од Пеце Наумовски

,,За да не доаѓа до никакви забуни во јавноста, деновиве е актуелна иницијативата за промена на актуелното раководство на МКФ. Тоа значи дека темата  не  е избор на ново раководство на федерацијата.  Доколку се реализира вонредно собрание и доколку на актуелното раководство  му се изгласа недоверба дури потоа можеме да разговараме на темата,  кој се, има амбиции да биде нов претседател на федерацијта. Секако на изборот мора да му претходи постапка во која и Владо Илиевски а и сите други кои ке имат амбиција за претседател на федерацијата ќе треба да презентираат своја програма и тим а клубовите да си одлучат чија програма е најдобра и на кој кандидат најмногу му веруваат ,, ни одговори Лефтер Андонов кој вели дека досега Владо Илиевски лично нема побарано средба со било кој од управата на КК Струмица на која би ја потврдил својата желба да се вклучи во трката за да ја добие довербата од клубовите за иден претседател

,, Доколку побара, со драго срце како на струмички кошаркар кој на најдобар начин ја промовирал струмичката и македонската кошарка ке разговараме, за се што сака. Претпоставуваме дека истото не го направил досега од причини кои претходно ги наведовме. Но кога и да изрази желба ние сме подготвени да разговараме. На крајот сакаме да потенцираме дека нема да дозволиме никакво мешање на политиката во евентулниот избор на нов претседател на федерацијата. Никому тоа место не му е загарнтирано од раѓање и на секој  оној, кој има желба да дојде до таа функција му препорачуваме – да си изготви програма и тим од луге за реализација на истата и потоа да ја презентира на клубовите а тие самите да  си одлучат кого ќе изберат за претседател. Секој друг, освен овој начин  на избор на претседател, за нас би бил неправилен,, истакна Андонов кој се оградува од сите оние кои се преставиле во името на КК ,,Струмица’’ и фаворизирале одредени кандидати за претседател на КФМ кај други клубови.

Неофицијално досега зад кандидатурата на Владо Илиевски застанале повеќе  машки и женски кошаркарски клубови од повеќе градови во земјава кои сакаат смена на Пеце Наумовски. За свикување вонредно собрание на КФМ потребно е иницијатива потпишана од една третнина од сениорските кошаркарски клубови . Право на глас за претседател  имаат клубовите кои имаат две години постојано натпреварување во сениорска конкуренција.

Илиевски е единствен кандидат за претседател на КФМ и тврди дека ги има собрано потписите за свикување вонредно собрание каде треба да се случи можната смена на Наумовски за која функција тој претендира

,,Зад себе имам интернационална кошаркарска кариера и врувам дека со својата посветеност и искуство ќе го вратам сјајот на нашата кошарка . Фокус ќе ми бидат младите кошаркари односно нивниот професионален развој но и заштита на  домашните играчи, намалување на котизацијата на клубовите но и враќање на бизнис секторот  во кошаркарските клубови,, кажа Илиевски

 

Препорачуваме:

Тренчовски – Беласица има блага предност оти има искусни играчи, но нема да се предадеме !

Владо Илиевски ги зближува кошаркарски Македонија и Словенија – носи 10 струмички деца на кампот Петар Вилфан

АП Брера Струмица ги објави најинтересните моменти од натпреварот со Воска Спорт

Ѓ. K.