Регион

Релативно мал е бројот на легализирани дивоградби во Струмица.Причина скапите елаборати

Финансискиот недостаток најголем проблем за изработка на елаборатитете потребни за легализација на дивоградбите.Неколку години наназад се продолжува рокот граѓаните кои до март 2011 година имаат изградено , дивоградбите да се легализираат но постапката оди бавно на територија на општина Струмица.

Од над 9 илјади дивоизградени објекти,само околу 5 илјади се во постапка.Но сепак од одделението за урбанизам не се задоволни од досегашното темпо на спроведување на легализацијата на трериторија на општината бидејки сепак е многу мал бројот на издадени урбанистички решенија.Упатуваат апел до граѓаните да не го испуштаат рокот , а паралелно да не се кочи реализацијата за активности за планирање на деталните урбанистички планови.

Граѓаните кои од различни причини не поднеле барање на дивоградбата што ја имаат, тоа можат да го сторат до крајот на оваа 2018 та година.Нов рок за поднесување барања за легализација на дивоградбите се усвои на последната владина седница на налог на министерството за транспорт и врски.Дополнителни шест месеци добиваат и граѓаните кои поднеле барање , но им биле одбиени, или не поднеле комплетна документација,Барањето со комплетирањето на документацијата ќе можат да ја поднесуваат до 30 јуни оваа година.

Препорачуваме:

УЧЕБНАТА ГОДИНА НЕМА ДА СЕ ПОВТОРУВА, А ЗА МАТУРАТА ЌЕ СЕ ЗНАЕ НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ, ПОЛАГАЊЕ ВО ЈУНИ ИЛИ УКИНУВАЊЕ ЗА ОВАА ГЕНЕРАЦИЈА УЧЕНИЦИ

Стојне Митева

Кои се наградените на ФКТ „Ристо Шишков“?

Матичните лекари утре повторно на протест

Стојне Митева