Регион

Кривична против поранешниот градоначалник на Ново Село, Велков вели е политичка хајка

Секторот за внатрешни работи Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Б.В. (53) од Ново Село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Велков вели дека ова е политичка хајка против него.

Струмичката  полиција поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Ново Село, Блажо Велков за „злоупотреба на службена положба и овластување“. Го теретат дека склучил Анекс кон Договорот за закуп на времен објект со кој го продолжил рокот на времетраење од пет на 11 години.

-Б.В., како градоначалник на општина Ново Село, на 07.03.2014 година, злоупотребувајќи ја службента положба и овластување,  склучил Анекс кон Договорот за закуп на времен објект, со кој го продолжил рокот на времетраење на договорот од 5(пет) на 11 години. Пријавениот, пред истекување на Договор за закуп на времен објект на Смоларски водопад,  склучен помеѓу општина Ново Село и закупецот – правно лице од Струмица, без спроведување на јавно надавање и јавен оглас за издавање под закуп на обејкт, му го продолжил користењето на обејктот, сопственост на општина Ново Село, на 11 години. Со потпишување на Анексот, Б.В. дозволил преуредување на постоечки објект во национален ресторан и изградба на неделиви објекти од тврда градба, спротивно на условите во претходно објавениот оглас за јавно надавање за издавање под закуп на времен објект и спротивно на потпишаниот договор за закуп на времен објект. На тој начин овозможил правното лице – Друштво за туризам, угостителство и услуги од Струмица, да биде во повластена положба на пазарот и со поголема имотна корист и афирмација за подолг  временски рок, рече Хризантема Рендевска од СВР Струмица.

Осомничениот Велков, во телефонски разговор за ТВ Канал ВИС, вели дека ова е хајка и политички прогон кон него, а дека кривичните пријави се обид, властите, да ја сокријат, како што велат, нивната неспособност да ги реализираат ветувањата кон граѓаните.

-Досега имаа две кривични кои не се прифатени, се одбиени и се ослободувам од обвинение. Третата се однесува на донесена одлука на Совет на Општината за која гласаа сите 15 советници и од СДСМ и од ВМРО ДПМНЕ. Јас како градоначалник сум должен да ги потпишувам одлуките кои ги носи Советот и не гледам зошто тоа е кривично дело со тоа што сум ја почитувал одлуката на Советот и процедурата. Нема да трае вечно и во недоглед нема да е се така, видовме дека нема правда за сите, туку само за нив, рече Велков во телефонскиот разговор.

Препорачуваме:

Градоначалникот Јаневски за Вистиномер – Во периодот пред нас ќе станат повидливи ветените проекти

Од први мај почнува електронски упис на првачиња

42-годишен струмичанец тешко повреден во сообраќајна несреќа на патот Штип – Кадрифаково

Ѓ. K.