Спорт

Тренерот на карате клуб АБЦ, Ристо Обрадов, прогласен за тренер на годината

Струмичкиот карате клуб АБЦ одликуван со две признанија од Македонската традиционална карате федерација. На денешното прогласување на најдобритер каратисти за 2017 година во Скопје, тренерот на АБЦ, Ристо Обрадов е прогласен за најдобар тренер за 2017 година. Претседателот на клубот, Стојан Витанов, доби награда за посебен придонес и развој на каратето. Оваа награда ја добија и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, и градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, и Аце Миленковски, ректор на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје.

Во сениорска конкуренција награда добија Дејан Недев, Алоша Недев и Матеј Ангеловски кои на Светскиот шампион во ката тим го освоија првото место. Бојан Богдановиќ доби награда за освоено прво место на Балканскиот шампионат.

Најдобра сениорка е прогласена Јадранка Недева. Во младинската категорија наградени се: Огнен Тасев и Берта Милевска.

Препорачуваме:

Италијанска „Brera“ потврди дека го купи македонскиот прволигаш Академија Пандев

Ване Трајков

Фондација Заев: Спонзорство за првата македонска велосипедистка – учесничка на Европско Првенство

Ѓ. K.

Тиверија е свето име – за други се навива но Тиверија се сака , кажаа ,,тиверијанци” кој одбележаа 95 години постоење на клубот