Регион

Видео – Буџетот на Струмица за 2018 е развоен и реален, скроен според потребите на граѓаните, вели градоначалникот Коста Јаневски

Идната година општина Струмица планира да потроши околу 19 милиони и 650 илјади евра што е за 7 насто повеќе од оваа 2017 та.  Дури 48 одсто од парите во Буџетот за 2018, општината сама треба да ги обезбеди. Тие средства изнесуваат околу 9,4 милиони евра, што преставува и основниот Буџет на општината. Останатите пари  се планираат од државните блок дотации кои се наменети за плати и надоместоци во висина од 8 милиони евра а останатите средства се планираат од донации, кредити, самофинансирачки активности

Според проекциите 57 одсто од основниот Буџет ( 9,4 милиони евра) пари што општината треба да ги обезбеди, ќе одат за капитални инвестиции или околу 5 милиони и 300 илјади евра кои се наменети за 30 тина развојни програми и стотици проекти за идната година

Градоначалникот Коста Јаневски тврди дека Буџетот е структуиран  во соработка со граѓаните кои даваа предлози, предлозите од Форумите на заедниците но и директно од советниците од коалициите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Како што истакна градоначалникот Јаневски  за Канал ВИС Буџетот е реален и развоен…

Препорачуваме:

Сообраќајка во Бучим радовишко повредени две лица

Ване Трајков

Пропаднаа преговорите меѓу СОНК и Владата, сѐ поизвесен штрајк на просветарите од 11 април

Стојне Митева

Нови автоматизирани помагала за здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ – Гевгелија

Ѓ. K.