Регион

Видео – ООУ ,,Сандо Масев,, ги изложи мандалата а ја одигра и наградената престава ,,Дневникот на Марта,,

Учениците од ООУ,, Сандо Масев,, од Струмица ги презентираа своите мандала – украсни елементи направени со математички операции под менторство на професорката Гордана Василева Андонова.  Тие на истрошените музички цедиња во изминатиот период им дадоа живот и со помош на математика и ликовно направија вистински ремек дела. Неколку заминаа и во рацете на првиот човек на општината Коста Јаневски

,, Продолжуваме и понатаму со овој проект. Мандала ќе изработуваме и за карневалот и за велигденските празници. Ме радува фактот што колеги математичари од други градови дојдоа да ги видат нашите експонати и се заинтересираа за овие наши активности,, кажа професроката Гордана Василева Андонова

Паралелно со презентацијата на уметничките украси изработени со математичките операции транслација, ротација, учениците од ООУ ,, Сандо Масев,, ја оидграа и театарската престава,, Дневникот на Марта,, која во Србија доби награда за најдобра епизодна улога и за сценографија рече директорката на ова училиште Драгица Спасова

,, Тоа се наши проектни активности со кои сме горди. Нашите деца спојуваат математика уметност а вршат и заштита на животната средина. Значи хумано да реагираме и актерски да доминираме,, рече директорката Спасова

Препорачуваме:

Марија од Кочани по 18 години се врати од Италија и се фати за воланот: Вози голема машина

Донација во ЈЗУ Општа болница Струмица од СОУ Никола Карев

Ване Трајков

ВИДЕО: Жителите на Југоистокот преку мобилни апликации ја добиваат временската прогноза