Регион

Струмичани пиеја кафе со бегалците

Струмичани имаа можност да запознаат бегалец од пакистан и со него да пијат кафе. Заедничко попладневно дружење имаа дваесетина струмичани во саботата во пицеријата Бонџорно во Струмица. Младиот бегалец, Али Риза тргнал од Пакистан кон Западна Европа, но останал во Македонија и сега бара азил токму во државата. Тој е еден од десетината бегалци кои побараа азил, од повеќе од еден милион кои што транзитираа за време на бегаслката криза во 2015 и 2016 година. Али Риза зборува македонски, и би сакал да добие документи и да се вработи тука, иако е свесен дека стандардот во македонија е далеку под оној во европските земји. Тој одговараше на многу прашања од присутните, меѓу кои и како го пречекале во другите земји,  и што било пресудно да реши да остане. Али Риза на крајот од средбата отпеа две македонски народни песни.

Настанот „Кафе со бегалците“ го организира граѓанската организација „Отворена порта“ низ повеќе градови во државата. Целта на овие средби е да се промени ставот на граѓаните кон бегалците, зашто голем број се4 уште на нив гледаат со предрасуди.

Препорачуваме:

Струмица доби два проекта од Програмата за прекугранична соработка со Бугарија

Стојне Митева

Гори шума кај село Чалакли

Ристо Олумчев е најсреќниот крводарител во ОО Црвен крст – Гевгелија

Ѓ. K.