Спорт

Битолски Пелистер им одржаа лекција на Виктори волеј, славеа максимална победа во Партизан Струмица

Сензација во Струмица во салата Партизан. Екипата на Пелистер Волеј од Битола славеше со 3:0 во сетови против фаворитот Виктори волеј кој целосно потфрли  на свој терен. Битолскиот состав одигра борбено и пожртвувано за секој поен во текот на целата средба, што не може да се каже за домаќинките кои дејствуваа дорганизирано со лош прием но и лоша игра во нападот.

Сето тоа го искористија гостинките кои во ниту еден момент не потклекнаа во салата Партизан и заслужено ги освоија трите бода . Меч кој струмичанки  треба добро да го анализираат, оти битолчанки требаа да бидат лесна задача, но се случи спротивното.

Речиси во сите три сета девојките од Пелистер волеј беа доминантни и со контрола на резултатот.  Виктори се обидуваше да држи ,,чекор,, и успеваше во неколку наврати да дојде до предност но  немаа сила да ја искористат за освојување на сет. Премногу го потценија составот од Битола што им се врати како бумеранг за нов пораз дома, што ги одалечува од амбициите за пласман во топ четворката

 

Препорачуваме:

СП 2018: Аргентина ја совлада Нигерија за осминафинале

Работнички од Скопје победник на турнирот на Наковски волеј

Ване Трајков

Дени Масев именуван за спортски директор на македонската фудбалска репрезентација

Ване Трајков