Регион

Ребека Колевска од СОУ ,,Димитар Влахов’’ ЛИДЕР меѓу средношколците во хемиско-технолошката струка во Македонија

Ученичката при СОУУД ,, Димитар Влахов,, од Струмица Ребека Колевска е прогласена за ЛИДЕР  меѓу средношколците од  хемиско-технолошката струка  во Македонија. Колевска под менторство на професорките Маја Глигорова и Билјана Бајрактарова  освои најмногу поени како на теоретскиот така и на практичниот дел од натпреварот  ,,Лидер на струка 2017’’ што се одржа во кумановското средно училиште ,, Киро Бурназ,, . На овој натпревар учествуваа голем број ученици од стручните  училишта,  чие средно образование е еден од обраозвните профили на хемиско-технолошката струка .

Ребека Колевска е ученичка во четврта година во образовниот профил прехранбен техничар при СОУУД ,,Димитар Влахов’’ –  профил кој е дел од хемиско- технолошката струка.  Таа со своите знаења на натпреварот за матријалот од сите четири години, по бројот на освоени поени ги остави зад себе сите средношколци од земјава при што се стекна со титулата ЛИДЕР која и дава предност при упис на некоја од високо образовните институции од областа на хемиско технолошките студии но и за добивање стипендија.

На натпреварот во Куманово учествуваше и ученичката Сара Велкова која доби признание од овој натпревар кој го спроведува министерството за образование заедно со Центарот за стручно образование и обука .

 

 

Препорачуваме:

Синоќа во Дојран се одржа „Дојранска софра“

Сузана Мицева

Струмичко-велешко поетско матине во Струмица

Струмица од синоќа под маска

Стојне Митева