Регион

Општина Струмица и СВР Струмица апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните прописи и да не ги узурпираат јавните површини

Актуелната состојба со безбедноста на граѓаните и јавниот ред и мир во општина Струмица беше темата на работниот состанок меѓу градоначалникот Коста Јаневски и тимот од СВР Струмица предводен од началникот Танчо Пројковски.

-Целта на состанокот беше во заедничка соработка и координација, иститите да се подигнат на повисоко ниво во овој период од годината, односно, пред новогодишно-божиќните празници. По разгледувањето на  состојбата од сите аспекти, а поврзана со безбедноста на граѓаните, присутните на состанокот донесоа конкретни заклучоци и насоки за нивно спроведување, информираат од Општината.

Поради очекуваната зголемена фреквенција на луѓе и возила пред новогодишно-божиќните празници, надлежните служби на општина Струмица и СВР Струмица во следниот период, истакнаа дека ќе имаат заеднички зачестени контроли и интервенции во делот на паркирањето на возилата, узурпирањето на тротоарите и останатите јавни површини не само од возила, туку и од останатите видови на узурпација.

Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не ги узурпираат јавните површини и да го почитуваат јавниот ред и мир.

Препорачуваме:

Водици во Сачево

Сузана Мицева

Солунскиот фронт од Првата светска војна – атрактивен за странски туристи. Сакаат да дојдат во Дојран

Сузана Мицева

Видео: Радовишки детски карневал – шаренило по улиците

Сузана Мицева