Регион

Општина Струмица го осудува труењето на кучињата и ги охрабрува надлежните да ги казнат сторителите

Во последните денови на неколку локации во градот забележана е појава на труење на кучиња. Општина Струмица најостро ја осудува оваа нехумана постапка и ги охрабрува надлежните да ги пронајдат сторителите и со нив да постапат согласно важечките законски прописи.

Истовремено, апелира до сопствениците на кучиња да покажат поголема одговорност и почитување на законските правила и прописи во нивното одгледување.

Имајќи ја в предвид сериозноста на проблемот со кучињата скитници, општина Струмица ги информира граѓаните дека работи на трајно решавање на истиот преку изградба на стационар за бездомни кучиња.

Инаку, од 2015 година општина Струмица спроведува хуман третман кон кучињата скитници, согласно Законот за заштита и благосостојба на животните.

Препорачуваме:

Непречено се одвива теренската вакцинација во општина Гевгелија и соседните општини

По една година пауза повторно се распишува огласот за социјалните станови во Струмица

Еуромакс Ресоурцес поддржа 21 занаетчија во под Огражденскиот регион