Регион

Избрани се пилот туристичките дестинации на бугарско-македонскиот Прекуграничен забавен центар

Еколошко друштво Планетум – Струмица во партнерство со Здружението Пирински туристички форум – Благоевград, ги избра пилот мини-дестинациите или т.н. туристички “јазли” на мрежата за одржлив туризам “Прекуграничен забавен центар”. Од Благоевградска област тоа се “јазлите” Благоевград, Банско, Гоце Делчев, Петрич и Струма, а од Југоисточен плански регион (Македонија) – “јазлите” Струмица, Ново Село, Дојран, Гевгелија и Радовиш.

Претставници на 10те “јазли” се собраа во градот Струмица, Македонија, на првата работилница на мрежата изминатиот месец. На средбата беше разгледан концептот на прекуграничниот забавен центар, функционирањето на мрежата од туристички “јазли” и создавање на новите атрактивни туристички услуги кои ќе бидат продадени преку специјален интернет портал за таа намена.

Во мрежата се вклучени туристички водичи и аниматори, сопственици на објекти за сместување и исхрана, библиотеки, музејски работници, претставници на невладини организации  поврзани со туризмот и други локални ентузијасти.

Средбите каде што ќе се започне со развивање на нови туристички услуги започнуваат во јануари 2018 година и ќе траат до мај истата година. Потоа следува креирање на интернет порталот и маркетинг на новата туристичка понуда.

Препорачуваме:

Центар за јавно здравје Струмица: Нема опасност од ширење на вирусот од новите случи на КОВИД 19

Сузана Мицева

ВИДЕО:Нема да се плаќа партиципација во градинките за јуни, јули и август

Со правилна употреба на пестицидите ќе имаме здрава и квалитетна храна, вели професор д-р Душан Спасов

Dimitar Micev