Регион

Сардич МЦ : Нема да се користат опасни хемиски материи и нема да загадува Казандол

Компанијата Сардич МЦ која го гради рударскиот комплекс Казандол порачува дека при неговото работење воопшто нема да се користат опасни хемиски материи, ниту арсен, ниту цијанид, ниту, пак, други отрови. Производствениот процес ќе се реализира со хидрометалуршка технологија за извлекување на металот во затворен безбеден циклус кој не дозволува никакви емисии во надворешна животна средина и е без загрозување на здравјето и безбедноста на луѓето.

Заштитата на животната средина бил нивен врвен приоритет и тврдат дека работењето на рудникот немало да продуцира никакви негативни влијанија и последици врз животната средина и додаваат дека комплексот се реализира со целосно почитување на сите законски прописи и сите договорни обврски.

Напоменуваат дека рударскиот комплекс воопшто нема да има негативни влијанија ниту последици кон земјоделското производство и додаваат дека се отворени за дебата и дискусија на сите теми со сите засегнати:

„Рударскиот комплекс Казандол нема да врши загадување, туку ќе донесе бенефит за Буџетот на Република Македонија, бенефит за буџетите на општините Валандово, Богданци и Дојран, позитивно ќе влијае на економскиот развој на регионот, ќе создаде нови работни места и ќе придонесе за развој и на други стопански гранки. Нашиот проект позитивно ќе делува во растот на БДП и во ниту еден сегмент нема негативно да делува на животната средина.“- известуваат од компанијата.

Препорачуваме:

Кампања во Струмица „Борка-за секој нов ден“ за подигање на свесноста против ракот на дојка

„Ладниот Ланец” високо квалитетни и безбедни млечни производи

Од полноќ имаме повисоки цени на горивата

Сузана Мицева