Регион

Советниците од ВМРО ДПМНЕ ја напуштија седницата на Советот на Струмица

Советниците од ВМРО ДПМНЕ денеска ја напуштија работата на 4та седница на Советот на Општина Струмица, во знак на, како што рекоа поддршка и солидарност со притворените за настаните од 27 април во Собранието на РМ.

-Во чести и поддршка, солидарност на нашите родољубиви браќа Македонци и сестри и мајки и татковци, родители, уставобранители на Република Македонија кои се неправедно обвинети и притворени од страна на моменталната власт, ја напуштаме денешната седница на Советот, рече координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Александар Донев.

Тие не прецизираа дали ќе присуствуваат на другите седници на Советото. Претседателот на Советот, Mарјан Даскаловски рече дека политиката не смее да биде дел од работата на ова тело.

-Сакам да прашам дали насилнот влегување во Собранието, тепањето на пратениците и присутните новинари е патриотизам? Дали треба тие да се солидаризираат и во нивна чест да не дебатираат за останатите точки кои беа на дневен ред и се од интерес на граѓаните. Сметав дека оваа советничка група е поразлична и дека нема да води политика туку ќе работи во интерес на граѓаните на Општина Струмица. Советниците требаше да останат тука до крај, да дебатираат, да гласаат за или против. Притворените не се осудени, судот ќе каже дали го бранеле или кршеле Уставот, рече Даскаловски.

Инаку, на дневен ред на Советот беа 36 точки.

Препорачуваме:

Василево доби детско забавно катче во паркот „Методи Митев“ – донација од општина Умраније од Турција

Ѓ. K.

Интервју со Маја Катранџиска-Џонлага за светскиот ден на семејните лекари

И по година дена нема одговор како настана пожарот во Глобал Струмица