Спорт

И годинава во Василево турнир во мал фудбал вреден 200 илјади денари – почна пријавувањето !

Почна пријавувањето за Новогодишно-божиќниот турнир во мал фудбал, што секоја година се одржува во спортската сала во Василево по повод престојните празници. Организаторите информириаат дека пријавувањето на екипите ќе биде до 16 ти декември а следниот ден почнуваат натпреварите меѓу пријавените екипи во сениорска и кадетска конкуренција

Според правилата за учество, екипите треба да бројат од шест до максимум десет играчи од кои најмногу двајца професионалци.Котизацијата за учество е 5000 денари за сениори и 3000 денари за кадети.

Вкупниот награден фонд изнесува  200 илјади денари -средства кои ги обезбедува општина Василево и ќе бидат распоредени на најдобрите екипи во сениорска и кадетска конуренција а ќе бидат доделени и награди за најдобар стрелец, играч и голман

Заинтересираните екипи своето учество може да го пријават на телефонскиот број 077 531 592.

Препорачуваме:

Пандев и Илиев, тренират со Академија Пандев

Ване Трајков

ФК Брера со свој Фан шоп во центарот на Струмица – во петок ќе го отвори Горан Пандев

Ѓ. K.

,,Балдо’’ донесе нова победа на Академија Пандев, падна прилепска Победа

Ване Трајков