Спорт

Криза кај пандевци, повеќе од месец дена немаат победа на свој терен

Фудбалерите на Академија Пандев  повеќе од месец дена немаат забележано првенствена победа на свој терен. Кикснаа пред своја публика и вчера во мечот со екипата на Силекс која  за Кратово си замина со победа од 1:0 и три бода на своето конто. Последната победа пандевци на стадионот Младост ја забележаа на 25 октомври проитв Шкендија од 3:2. Од тогаш претрпеа пораз од прилепска Победа, па ремизираа со Работнички , од Вардар беа  декласирани а главите ги наведнаа и вчера против кратовчани.

Единствена светла  точка беше гостувањето во Битола каде славеше против Пелистер и пласманот во полуфиналето од Купот совладувајки го двапати Тетекс.

Ова лоша серија на резултати во шампионатот за Академијата резултираа со пад на 4 позиција на прволигашката табела која има 26 бода оставајки им го третото место на кратовчани кои имаат 31 бод Вардар со два натпревари помалку 32 и Шкендија која има 41. Сепак и ова четврто  место не е загарантирано бидејки  Работнички им диши во врат со 25 бода и натпревар помалку

За екипата на Академија Пандев останува уште еден натпревар и тоа со Вардар во Скопје како заостанат.

Препорачуваме:

Струмица го преплива Вардар и во Скопје, фали уште една победа за опстанок во Прва лига

Ване Трајков

Фото- Дури шест Државни Кик-бокс прваци од Струмица

Ване Трајков

Три години од смртта на Истатов, во негова чест дуатлон со Ѓорѓиев

Ване Трајков